Утрински Весник
Магазин

Вешто ја криеше бременоста: Скарлет Јохансон роди син

Вешто ја криеше бременоста: Скарлет Јохансон роди син

Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон (36) и нејзиниот сопруг, комичар и sвезда на „Сатрдеј најт лајф“ , Колин Џост, со кого е во брак три години, во средата го дочекаа своето прво заедничко дете.

Иако во јули се шпекулираше дека актерката е бремена, двојката беше многу таинствена и никогаш не го потврди тоа. Џост официјално потврди, кратко и како да кажува нешто сосема вообичаено, во текот на стендап-настап еден ден пред раѓањето, а во средата на својот инстагрм-профил објави дека добил син.

„Добивме бебе. Името му е Козмо. Многу го сакаме“, напиша тој и замоли за приватност.

Скарлет и Колин се венчаа во октомври 2020 година, а актерката има и ќерка Роуз Дороти, која наскоро ќе наполни седум години. Роуз е од бракот со поранешен француски новинар од кого се разведе два месеца по нејзиното раѓање.

Можете да прочитате

Зошто не треба да пиете ладна вода кога е топло?

Ацо Пејовиќ на 11 јули со голем концерт во Аква Парк Пробиштип

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година