Утрински Весник
Спорт

Вестбрук решил да остане во Лејкерси

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Расел Вестбрук планира да ја искористи опцијата за 47.1 милиони долари за да се врати во Ел-Еј за следната сезона, објави „ЕСПН“.

Деветкратниот Ол-Стар и МВП на лигата од 2017, влегува во последната година од петгодишниот договор вреден 206 милиони евра, и Лејкерси се надеваат дека ќе има подобра сезона под новиот тренер Дарвин Хем.

По 11 сезони во Оклахома сити, Вестбрук ја комплетираше четвртата сезона за четврт различен тим минтата сезна, откако одигра само 21 меч со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис поради повреди. Лејкерси ја завршија сезоната без плејоф и со само 33-49 скор.

> Вестбрук решил да остане во Лејкерси <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026