Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Весли Снајдер: Горан Пандев цела кариера е потценет фудбалер

Весли Снајдер: Горан Пандев цела кариера е потценет фудбалер
Img 7972

Весли Снајдер вели дека неговиот поранешен соиграч, македонскиот капитен, Горан Пандев, останува еден од најпотценетите фудбалери и покрај тоа што има 37 години, пред неговата Холандија да се судри со Македонија на ЕУРО 2020.

Џенова се обидува да го убеди Пандев да не отиде во пензија по ЕУРО 2020, откако оваа сезона во 29 настапи имаше 7 гола и 3 асистенции за Грифоне. Снајдер добро го познава капитенот бидејќи со него беше соиграч во Интер, но и во Галатасарај.

„Пандев има фантастична лева нога и вистински инстинкт на стрелец. Мислам дека е фантастичен играч и навистина го прави посебен тоа што секогаш има визија за играта пред него и секогаш знае од која позиција може да се даде гол. Покрај тоа, тој е фантастична личност, го сака фудбалот и според мене е еден од најпотценетите играчи во текот на целата кариера“, изјави Снајдер за „Де телеграф“.

> Весли Снајдер: Горан Пандев цела кариера е потценет фудбалер <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица