Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Верските лидери во земјава со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките против коронавирусот

Верските лидери во земјава со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките против коронавирусот
Dik 300x250 mk

Верските лидери во земјава упатија апел до граѓаните да ги почитуваат мерките против коронавирусот.

„Ние ‒ Црквите и верските заедници испраќаме едногласен апел до сите наши верници и до сите граѓани на нашата држава, на актуелната состојба со корона-вирусот Ковид 19 да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, здравјето на блиските, на здравствените работници и со тоа на севкупното општество. Доследното почитување на мерките не треба да се толкува како имање слаба вера, туку како имање љубов и грижа за другите“, се наведува во заедничкото соопштение на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, в.д. Реисул Улема на Исламската верска заедница х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, Бискупот Скопски и епарх струмичко-скопски монсињор Киро Стојанов, претседателката на Еврејска верска заедница Романо Николиќ и супериндендентот на Евангелско- методистичка црква, Марјан Димов.

Во апелот се наведува дека сега е време кога секој човек мора да покаже грижа и да даде личен прилог во справувањето со настанатата состојба.

„Мерките треба да ги почитуваме постојано, во внатрешен и надворешен простор, на работните места, во верските храмови, во домовите и на јавните површини. Во овие времиња да бидеме силни и свесни дека искушенијата доаѓаат поради лично преиспитување и зацврстување во верата“, се наведува во апелот.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ