Делчево, 7 март 2020 (МИА) – Утрово во црквата „Успение на Пресвета Богородица Делчево“ се служеше црковна богослужба како дел од одбележувањето на празникот „Тодорова сабота”. Карактеристично за овој празник, како што велат верниците е тоа што претходната вечер се прави обреден леб наречен Тодорички леб, кој се носи да преноќева во црква.
-Во средината на погачата има вдлабнат дел во кој се става свеќата, а одозгора врз погачата се прават форми слични на животни. Тестото се замесува од чисто пченкарно брашно. Погачата која преноќува во црквата се става на чинија врз шарена пченка и пченица. Тогаш се става и свеќата на средината на погачата, а свештеното лице ја благословува заедно со останатата храна. Се верува дека потоа ваквата погача има чудотворна моќ, велат верниците.