Утрински Весник
Спорт

Вернер ќе стиска палци за Лајпциг во Лигата на шампионите

Челзи потврди, Вернер ќе ги засили „сините“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лајпциг, 29 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, кој одлучи да се пресели во Челзи, ќе продолжи да го следи неговиот досегашен клуб Лајпциг во Лигата на шампионите.

– Време беше е да го сменам клубот. Велат, секогаш е добро да се направат промени кога работите одат добро. Можеби ќе биде уште подобро таму. Сепак, оваа сезона имам постигнато повеќе голови од кога било. Оваа сезона ќе биде тешко да се повтори, смета Вернер.

Се разбира, ме боли што нема да можам да му помогнам на Лајпциг во Лигата на шампионите. Но, јас сум играч на Челси од 1 јули, Челзи ми плаќа. Беше јасно дека двете страни мора да го решат тоа. Се обидов да останам подалеку од прашањето во Лигата на шампионите, бидејќи беше јасно дека ќе треба да изберам една страна. Затоа мојот агент конечно се согласи со клубовите. Засекогаш сум поврзан со Лајпциг, ќе седам пред ТВ во текот на четвртфиналето и ќе ги стискам палците. Можеби дури ќе бидам во Лисабон, порачува Вернер.

Тој ќе може да дебитира за англискиот тим следната сезона. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025