Утрински Весник
Спорт

Вернер: Следува успешна иднина со Челзи

Клоп дава 60 милиони евра за Тимо Вернер

Лондон, 18 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер ги сподели првите впечатоци по потпишувањето за Челзи.

– Задоволен сум што потпишав договор со Челси, јас сум многу горд што се приклучив на овој прекрасен клуб. Секако, сакам да му се заблагодарам на Лајпциг и на навивачите за четирите фантастични години. Лајпциг засекогаш ќе остане во моето срце, изјави Вернер.

Со нетрпение ја очекувам следната сезона со моите нови соиграчи, мојот нов тренер и секако навивачите на Челзи. Пред нас е многу успешна иднина, додаде германскиот фудбалер.

Во сезоната 2019/20, Вернер одигра 43 натпревари за Лајпциг, постигна 32 гол и направи 13 асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена