Утрински Весник
Спорт

Вернер: Никогаш не сум играл против толку силни централни бекови

Вернер: Никогаш не сум играл против толку силни централни бекови
Ss2

Челси со победа стартуваа во новата сезона. „Сините“ на Френк Лампард победија во Брајтон со 3:1. На овој меч за Челси дебитираа Германците Тимо Вернер и Каи Хаверц.

Вернер имаше одлично деби во новиот клуб. Во 23 минута избори пенал, по кој Жоргињо им донесе предност на Челси.

300x250 (7)

По мечот признал дека искуството е позитивно и дека најмногу бил изненаден од тројцата дефанзивци на Брајтон Вајт-Данк-Вебстер.

„Премиерлигата е поинаква од останатите национални првенства најмногу поради одбрамбените фудбалери. Никогаш претходно не сум играл против тројца толку високи и силни централни бекови“, рекол Вернер.

> Вернер: Никогаш не сум играл против толку силни централни бекови <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та 

Клоп по поразот од Евертон: Борбата за титулата во моментов не е во наши раце

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп