Утрински Весник
Македонија

Верижен судир без повредени во Тетово

Верижен судир без повредени во Тетово

Тетово, 11 март 2020 (МИА) – Без повредени, а шест оштетени автомобили се последиците од сообраќајна несреќа утрово во Тетово кога камион на комуналното претријатие удрило во паркираните возила. Според првичните информации од сведоци на настанот, најверојатно камионот удрил во возилата поради проблем со сопирачките.

-Во 9 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа со учество на камион управуван од Р.Ф (54) и шест паркирани патнички возила. Нема повредени, а голема материјална штета бележат паркираните возила. Извршен е увид за да се утврдат причините и деталите од незгодата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сообраќајката е случена во населбата Колтук каде камионот собирал смет. ас/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен 

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците