Утрински Весник
Спорт

Вердер се избори за бараж за опстанок, Фортуна Дизелдорф ја напушта Бундеслигата

Вердер се избори за бараж за опстанок, Фортуна Дизелдорф ја напушта Бундеслигата

Бремен, 27 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот германски шампион Вердер Бремен го избегна претпоследното место на табелата во Бундеслигата и ќе игра бараж за опстанок, откако попладнево во последното коло забележа победа, а директниот конкурентот за 16. место, Фортуна Дизелдорф загуби и заедно со Падерборн испаѓаат од елитата.

Ова е епилогот на дното, додека на врвот речиси се беше познато претходно.

Резултати на средбите од 34. коло во Германското фудбалско првенство:
Аугзбург – Лајпциг 1:2
Баер Леверкузен – Мајнц 1:0
Борусија Менхенгладбах – Херта 2:1
Борусија Дортмунд – Хофенхајм 0:4
Ајнтрахт Франкфурт – Падерборн 3:2
Фрајбург – Шалке 4:0
Унион Берлин – Фортуна Дизелдорф 3:0
Вердер Бремен – Келн 6:1
Волфзбург – Баерн Минхен 0:4.

Баерн е шампион, а со него во Лигата на шампионите одат двете Борусии и Лајпциг.

Во Лига Европа ќе играат Баер, Хофенхајм и Волфсбург. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Евролига со високи казни за белградските екипи

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар