Утрински Весник
Свет

Венецуелски опозиционер одржал разговори со Ердоган без знаење на Хуан Гваидо

Венецуелски опозиционер одржал разговори со Ердоган без знаење на Хуан Гваидо

Венецуелскиот опозиционер Енрике Каприлес јавно призна во вторникот дека водел разговори со администрацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Ел насионал“.

Каприлес, кој е поранешен гувернер на Миранда и истакнат лидер во централно-левичарската партија „Прво правдата“, рече дека иако немало официјални преговори меѓу него и венецуелската опозиција со Ердоган, соодветно е да разговараат со сите што ги носат до веродостојно решение“.

Каприлес двапати неуспешно се кандидираше за претседател, прво против покојниот Уго Чавез, а подоцна и против сегашниот претседател Николас Мадуро. Тој во моментов не извршува никаква избрана функција и не работи во администрацијата на опозиционерот Хуан Гуаидо во какво било официјално својство.

Ниту еден извештај не објасни како Каприлес се претставил пред владата на Ердоган или што разговарале турските власти со него, а разговорите биле водени без одобрение од Гваидо.

„Ги информираме Венецуелците и меѓународната заедница дека никој не знаеше за разговорите што се водат меѓу режимот на Ердоган и Енрике Каприлес. Овие активности беа изведени без знаење или овластување од привремената влада, Националното собрание, нашите меѓународни сојузници или унитарниот договор постигнат и објавен од 27 политички организации кои ги обединуваат нашите демократски сили“, рече тој во коминике.

Во услови на критики за овој потег, имајќи го предвид „досието“ на Ердоган за кршење на човековите права и постојаната поддршка за режимот на Мадуро, Каприлес на Твитер тврдеше дека ќе разговара со која било влада или режим за да помогне во обезбедувањето на решение за политичката, економската и хуманитарна криза.

„Разговорот со член на меѓународната заедница е нормално кога верувате во политика и во демократија. Да бидеме јасни: со Кинезите, со Русите, со Европејците, ќе разговараме со сите што е потребно за да се извлечат Венецуелците од оваа криза “, напиша Каприлес.

Каприлес на својата изјава додаде и фотографија од средбата на претседателот Доналд Трамп со Ердоган. Турција и САД се сојузници во НАТО и двајцата се шефови на држави, затоа ваквите состаноци се очекувани и неопходни. Каприлес не појасни како таква средба се споредува со неговата одлука да се обрати на Турција како обичен граѓанин.

Каприлес си ги припиша и заслугите за помилување на повеќе од 100 политички затвореници од страна на Мадуро и покрај шпекулациите дека станува збор за политичка претстава наменета за создавање чувство за легитимитет околу парламентарните избори што Мадуро ги закажа во декември.

„Денес, благодарение на моите лични напори, задоволни сме со ослободувањето на 110 политички затвореници. Единствениот интерес ми е да ги бранам Венецуелците и да извојувам слобода за Венецуела. Нема да се повлечеме, исто како што нема да се повлече ниту еден Венецуелец додека не ја видиме промената во земјата“, се пофали тој.

Легитимизирање на претстојните избори исто така може да е цел на Каприлес, кој во понеделникот се сретна со Гваидо за да разговара за можноста за формирање изборен пакт. Според Гваидо, формирањето таков пакт би помогнало да се избегне парламентарна измама и да се обезбеди механизам за масовно учество на граѓаните.

Другите лидери на опозицијата ја отфрлија идејата, повикувајќи се на фактот дека сите избори во изминатата деценија беа насилно наместени во корист на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ). Меѓу критичарите е и лидерката на „Венте Венецуела“, Марија Корина Мачадо, единствената фигура десно од центарот во венецуелската мејнстрим политика.

Во остро писмо испратено до Гваидо по нивниот состанок викендот, Мачадо го обвини дека не ја исполнил својата должност да стори сé што е можно за да го отстрани Мадуро од власт и да покрене транзиција кон демократија по инаугурацијата за претседател минатиот јануари.

Ова е мислење што го дели мнозинството од венецуелската јавност како и претседателот Доналд Трамп, кој наводно ја изгубил довербата во раководството на Гваидо.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија