Утрински Весник
Свет

Венецуела тврди дека фатила шпион од САД

Венецуела тврди дека фатила шпион од САД
Dik 300x250 mk

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека безбедносните сили на таа земја фатиле американски шпион додека ги шпионирал најголемите рафинерии за нафта во земјата.

Во телевизиско обраќање, Мадуро рече дека тој бил уапсен во четвртокот на северозападот на земјата.

„Уапсен е маринец кој служел во базите на ЦИА во Ирак“, рече Мадуро, додавајќи дека уапсениот со себе имал „специјално оружје, големи количини пари, големи количини долари и други работи“.

Тој не даде други детали освен дека притвореникот дал изјава во притвор.

Ниту Стејт департментот на САД ниту Белата куќа сè уште не ги коментираа тврдењата на Мадуро.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно