Утрински Весник
Спорт

Венгер е против јануарскиот преоден рок

Венгер е против јануарскиот преоден рок
Dik 300x250 mk

Париз, 19 мај 2020 (МИА) – Директорот за фудбалски развој во ФИФА, Арсен Венгер, верува дека не треба да има трансфер прозорец во јануари.

– Јас сум за тоа да се отстрани јануарскиот преоден рок. Тренерите не се справуваат добро со овој втор прозорец. Во октомври, веднаш штом одреден играч не игра, тој веќе се обидува да најде нов тим и чека да замине во јануари. Тој повеќе не е мобилизиран и се предава. Кога ќе направите грешка, играчот страда исто колку и клубот. Мора да ја преземете таа одговорност, изјави Венгер пред „Екип“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата