Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Венгер: Арсенал ќе се врати на врвот без мене

Венгер: Арсенал ќе се врати на врвот без мене
300x250 opst2

Арсен Венгер ја отфрла шансата да се врати на клупата на Арсенал, додавајќи дека сега е само навивач на клубот кој го предводеше од 1996 до 2018 година во еден од најславните периоди во историјата на лондонскиот клуб.

По неговото заминување, Арсенал смени двајца тренери – Унаи Емери и Микел Артета, кој сега е под притисок по трите порази на стартот на сезоната. Скапо составениот тим не функционира, но сега има надеж дека засилувањата од 145 милиони фунти ова лето ќе помогне да се крене тимот.

„Имам 71 година. Ги дадов најдобрите години од мојот живот на клубот. Денеска клубот е во добра состојба. Имаа неколку тешки мечеви, но тимот има потенцијал и се надевам дека ќе се вратат. Во моментов сум само навивач“, вели Венгер во интервју за „Билд“.

Французинот дојде од Јапонија за да го наследи Брус Риоч во 1996 година, по што освои три титули од Премиер лигата за да бидат најсериозни ривали во моќната ера на Манчестер јунајтед, а во сезоната 2003/04 ја одиграа единствената премиерлигашка сезона во историјата без пораз. Но, во последните години на неговото владеење, „топчиите“ испаднаа од топ 4 пласман.

> Венгер: Арсенал ќе се врати на врвот без мене <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН