Утрински Весник
Свет

Велика Британија ја одобрува вакцината на „Новавакс“ во април

Велика Британија ја одобрува вакцината на „Новавакс“ во април

Велика Британија следниот месец може да ја одобри вакцината против Ковид-19 на „Новавакс“, изјави Пол Хит, шеф на истражувачкиот тим на „Новавакс“.

„Регулаторот ќе изврши многу детален и темелен преглед и ние ќе одлучиме на време“, рече професорот Хит, пренесува „Ројтерс“.

„Се надевам дека ќе биде напролет, можеби на крајот на април“, додаде тој.

Американската биотехнолошка компанија „Новавакс“ развива вакцина која користи протеини од коронавирус за да предизвика имунолошка реакција, со метод сличен на веќе одобрените вакцини против херпес зостер.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина