Утрински Весник
Свет

Велика Британија размислува да го намали периодот на изолација на 5 дена

Велика Британија размислува да го намали периодот на изолација на 5 дена

Обединетото Кралство постигна напредок во борбата против вирусот омикрон и размислува за намалување на периодот на самоизолација, изјави денеска премиерот Борис Џонсон, истовремено предупредувајќи дека е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти поради Ковид.

Запрашан да коментира за намалувањето на периодот на самоизолација од седум на пет дена, тој рече дека владата размислува за тоа, но дека ќе ги следи и советите на научниците, пренесе Ројтерс.

„Треба да се увериме дека Омикрон е запрен. Постигнуваме голем напредок. Сепак, во моментов имаме околу 18.000 луѓе во болниците, што е голем скок од претходниот период и бројките сè уште се зголемуваат“, рече Џонсон, додавајќи дека „можеби околу 30 отсто од хоспитализираните се заразиле во болница.

Можете да прочитате

Шефот на БлекРок: Војната може да заврши на два начина и двата се екстремни

Трамп до Унгарците: На изборите гласајте за Виктор Орбан

Иран изврши напади врз четири држави