Утрински Весник
Свет

Велика Британија: Ковид-19 е најсмртоносната инфекција во последните 100 години

Велика Британија: Ковид-19 е најсмртоносната инфекција во последните 100 години

Вирусот Ковид-19 е најсмртоносна инфекција во Велика Британија во последните 100 години, објави денеска британското биро за статистика.

Како што е наведено, повеќе од 140.000 луѓе починаа од коронавирусот минатата година, што е повеќе отколку во 1918 година кога голем број луѓе починаа од некое заразно или паразитско заболување, пишуваат британските медиуми.

Последниот бран на заразни и паразитски болести се случи во 2007 година, поради епидемијата на Клостридиум, кога во Англија и Велс починаа 8.200 луѓе.

Статистичките податоци покажуваат дека во моментов во болниците има многу повеќе пациенти во критична состојба отколку истиот период, минатата година.

Како што е соопштено, овие статистички податоци се однесуваат на Англија и Велс, додека за Северна Ирска и Шкотска податоците ги прави Северноирската агенција за истражување и статистика.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70