Утрински Весник
Свет

Велика Британија испраќа ракети и војници во Полска

Велика Британија испраќа ракети и војници во Полска

„Велика Британија ќе распореди противракетен одбранбен систем во Полска, како одговор на руската инвазија на Украина“, изјави министерот за одбрана Бен Валас.

За време на посетата на полската престолнина Варшава, Валас изјави дека Велика Британија ќе испрати противвоздушен ракетен систем со среден дострел и околу 100 војници во Полска.

„Се обидуваме да застанеме покрај Полска во заштитата на нејзиниот воздушен простор од каква било понатамошна агресија на Русија“, рече тој.

Одлуката доаѓа неколку дена откако руски проектили ја погодија украинската воена база во Јаворив на само неколку километри од полската граница и откако речиси 2 милиони бегалци пристигнаа во Полска.

„Како сојузник на НАТО и долгогодишен пријател, многу е правилно што Британија стои на страната на Полска, бидејќи Полска носи голем дел од товарот на последиците од оваа војна и е исправна и храбра во спротивставувањето на заканите од Русија“, рече Валас.

Можете да прочитате

Ретка и опасна варијанта на ебола се шири во Конго – нема ниту вакцина

САД воведоа нови царини кон 60 држави

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“