Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Велешкиот Основен суд ќе работи само по итните кривични предмети

Велешкиот Основен суд ќе работи само по итните кривични предмети
Dik 300x250 mk

Велес ,17 март 2020 (МИА) – Основниот суд Велес, согласно одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот Ковид-19, донесена од Судски совет и мислењето од Седница на судии одржана денеска, соопшти дека ќе постапува само по одредени случаи.

Имено, велешкиот Основен суд во следниот период ќе постапува за кривични предмети за кои постои опасност од застарување на кривично гонење.

– Ќе се постапува за  судења во кривични предмети кога обвинетиот или дел од обвинетите се во притвор, домашен притвор или према кои е изречена некоја друга мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката, кривични предмети на странките кои немаат живеалиште, односно престојувалиште во РСМ, а се затекнати во државата, како и за „Пренесување заразна болест“, „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, „Неукажување медицинска помош“, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“, „Напад врз службено лице при вршење на работи на безбедност“, „Организирање отпор“, соопштија од Основен суд Велес.

Од судот посочија дека ќе постапуваат и за прекршочни предмети од итна природа, предмети за примвремени мерки, предмети во кои постапката е во фаза на донесување на одлука, предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок, предмети кои по сила на закон се итни и прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.

– Недоаѓањето на странките, нивните застапници и полномошници за предметите кои се одложени нема да предизвикаат правни последици во периодот додека траат мерките и препораките на Владата на РСМ и надлежните здравствени органи, соопштија од судот.

Странките поднесоците да ги доставуваат електронски на kontakt@osveles.mk доколку имаат технички услови за тоа.

Потврдите и уверенијата судот ќе ги издава дневно и странките ќе можат да ги подигнуваат во 14,30 часот со приложување на пополнет и отпечатен образец и доказ за платена судска такса.

Образец за издавање на уверенија и сметката за плаќање на судската такса се објавени на веб страната на судот (http://www.osveles.mk/). ад/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

В.Д. градоначалникот на Кочани вчера го нападна Панчо дека бил виновник за пожарот – Антич не штедеше навреди кон него (ФОТО)

Божиновска: Владата нема толеранција за незаконско експлоатирање – Концесијата за „Пискупштина“ во Струга еднострано раскината

Сиљановска-Давкова по средбата со Пелегрини: Словачка е една од нашите најверни и најпосветени поддржувачи на европската интеграција