Утрински Весник
Македонија

Велешкиот градоначалник до Советот на Општината достави предлог-декларација, недела да се прогласи за неработен ден за трговците

Во велешката Општа болница зголемен бројот на боледувања од медицинскиот персонал

Велес, 21 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски до Советот достави предлог-декларација за прогласување на неделата и деновите на државни и други празници да бидат неработни денови и во трговијата на големо и мало. Тој најави дека декларацијата ќе ја достави и до Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), со цел да добие поширока поддршка и од останатите општини во земјава и на град Скопје.

Тој смета дека со прогласување на денот недела и на деновите на државни и други празници за неработни денови, ќе се постигнат повеќе цели, меѓу кои еднаквост на сите граѓани.

Работниците во трговијата, од кои најголем број се жени, често работат во тешки услови,  со ниски плати, па прогласувањето на недела за неработен ден би било голем чекор напред во подобрување на нивниот статус. Затоа што и тие имаат неприкосновено право да бидат во недела и за време на празници со своите семејства, а младите ќе добијат повеќе слободно време што може да им помогне за засновање на семејство, а работничките и работниците ќе бидат позадоволни и помотивирани да дадат подобри резултати во работењето на нивните работни местапотенцираше Коцевски.

Според него, исклучок од неработењето во недела и за време на државни и други празници би биле аптеките, пазарите, бензинските станици, продавниците за цвеќе, сувенири, весници, погребална опрема, штандови од кои се продава за време на културни, спортски и слични настани, саеми, кина, внатрешни продавници во автобуски и железнички станици и аеродроми. ад/нд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа