Утрински Весник
Свет

„Вашингтон пост“ го поддржа Бајден на претседателските избори

„Вашингтон пост“ го поддржа Бајден на претседателските избори

Престижниот американски дневен весник „Вашингтон пост“ соопшти дека го поддржува демократскиот кандидат Џо Бајден на изборите на 3 ноември против Доналд Трамп.

Весникот го карактеризира Трамп како „најлошиот претседател на модерното време“.

Во уводникот, весникот проценува дека Бајден, поранешниот потпретседател на САД, на возраст од 77 години, е „исклучително добро квалификуван во однос темпераментот и искуството да се соочи со колосални предизвици“ во наредните четири години.

Во 2016 година Вашингтон пост изрази поддршка за демократската кандидатка Хилари Клинтон против Доналд Трамп.

Неколку големи весници како „Чикаго трибјун“ и „Лос Анџелес тајмс“ го поддржаа Бајден, но „Њујорк тајмс“ сè уште се нема изјаснето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Моди во разговор со Трамп: Индија не прифаќа посредување во конфликтот со Пакистан

Израел им забрани на граѓаните да ја напуштат земјата со авион

Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 војници за обнова на Курск