Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Ватсап воведува новитет во испраќање гласовни пораки

Ватсап воведува новитет во испраќање гласовни пораки
300x250 opst2

Ватсап на својот Твитер-профил најави нови промени. Наскоро ќе додадат нова функција која им нуди на корисниците можност да ја слушнат гласовната порака пред да ја испратат.

„Не се грешки, тоа е само проба. Сега можете да ги преслушате вашите гласовни пораки пред да притиснете ‘испрати’,“ објави WhatsApp на Твитер.

Оваа функција им овозможува на корисниците да избришат гласовна порака што ја снимиле доколку нешто не им се допаѓа на неа, како што е испрекинат говор, бучава во позадина или нешто што тие го кажале, но сепак не сакаат да го испратат.

Опцијата ќе биде достапна наскоро.

Можете да прочитате

Октомври е месец на туршија: Подгответе ја по рецепт стар илјадници години

Денес се празнува Светиот апостол Кодрат

Љубовен мир и заборавено богатство денес: Дневен хороскоп (04.10.2025)