Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Василевска: Се отвора сериозен сомнеж дека Ковачевски преговара за Гоце Делчев

Василевска: Се отвора сериозен сомнеж дека Ковачевски преговара за Гоце Делчев
300x250 opst2

СДСМ да кажат што виделе спорно во предлог Декларација која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, изјави Иванка Васдилевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ СДСМ треба да каже дали за нив е спорно во училиштата да се спроведат активности со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Гоце Делчев, или тоа што се повикува Институтот за национална историја и МАНУ да организираат научни собири, или пак повикот до медиумите со пригодни содржини да го одбележат јубилејот од 150 години од раѓањето на Гоце Делчев?“ праша професорката Василевска.

Според неа, ниту еден аспект од Декларацијата не е спорен и има за цел да ги обедини сите чинители во општеството околу значењето на ликот и делото на Делчев во револуционерната борба за македонска државност.

„ За жал, не само што не се обедини, туку и го дели народот по оваа тема. Тоа отвора сериозен сомнеж дека Ковачевски преговара за Гоце Делчев, а со тоа и за целокупната револуционерна борба за македонска државност.

Ги повикуваме СДСМ да се вразумат и сериозно да ја прочитаат Декларацијата. Вакви брзоплети реакции имаа и за Резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во јули минатата година, но потоа ја прифатија и на тој начин се создаде национално единство и црвени линии. Очекуваме и сега тоа да се случи, бидејќи ликот и делото на Делчев се подеднакво рамниште како и идентитетските прашања.

Можете да прочитате

Родителите на настраданите во „Пулс“ од утре најавија едночасовни блокади на сообраќајот се додека не започне судењето

Филипче од Тетово: За Мицкоски ресет на системот е да постави свои судии и обвинители

Мицкоски: Се здружиле Венко, Али и Димче за власт и поради патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ