Лионел Меси, синоќа најпрвин постигна спектакуларен гол, а потоа промаши пенал простив ПСЖ, во осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите.
Аргентинецот, не реализираше пенал во финишот на првиот дел, при резултат 1:1.
Кејлор Навас, голманот на ПСЖ, го одбрани пеналот. Судиите во ВАР собата гледаа дали Навас бил на гол-линијата, но не видоа дека Марко Верати ги прекршил правилата.
Во моментот кога Меси оди кон топката, Верати, се наоѓа во полу кругот што според правилата не е дозволено. Токму Верати одбиената топка од Навас ја исфрли во корнер.
> ВАР требаше да го повтори пеналот на Меси <