Утрински Весник
Свет

Вархеји: Мора да му помогнеме на Западен Балкан и во вториот бран на пандемијата

Вархеји: Мора да му помогнеме на Западен Балкан и во вториот бран на пандемијата

Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, вели дека ЕУ ќе остане со Западен Балкан и во вториот бран на пандемијата на Ковид-19.

„Бевме со регионот за време на првиот бран и веднаш им испративме помош во форма на медицинска опрема и поддршка на економијата. Гледаме дека доаѓа вториот бран и мора да се подготвиме да им помогнеме доколку е потребно”, рече Вархеји.

За време на видеоконференцијата „Западен Балкан по 2020 година: Процедури и одлуки за време на пандемијата“, тој повтори дека за Европската комисија Западен Балкан и нејзината иднина во ЕУ се приоритет од почетокот на мандатот, што, како што рече, е во интерес и на регионот и на ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНРВА го означи раселувањето на жителите на Рафа како нехумано

Британец добил џекпот од 10,2 милиони фунти и го поделил со своите соседи

Бројот на загинати во Газа надмина 35.000