Утрински Весник
Македонија

Вархеји и Заев разговараа но не дадоа изјави

Вархеји и Заев разговараа но не дадоа изјави
Dik 300x250 mk

По посетата на еврокомесарот Оливер Вархеји на земјава, како и по средбата со премиерто Заев, немаше ниту изјави ниту соопштение од Владата.

Вархеји и Заев само објавија на Твитер за средбата, која, како што наведоа, се одржа во Клубот на пратениците.

„ Денеска во Скопје имав средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, со кого отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината”, објави Владата изјава на Заев на Твитер.

И Вархеји се огласи на социјалната мрежа:

„Среќен сум што се вратив во Скопје на целосна дискусија со премиерот Заев. Се согласивме за брз почеток на имплементирање на проектите од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан за зајакнување на економскиот развој на Северна Македонија и регионот”, напиша Вархеји.

Тој додава дека го очекува самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија и дека Западниот Балкан е клучен приоритет за Европската комисија, а иднината на регионот.

„ Разговаравме како да постигнеме напредок во отворањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија”, напиша Вархеји.

Можете да прочитате

Молотов коктел фрлен во двор во Кичево

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи и можно локално невреме

Хорор во Дебарско: Киднапирана жена однесена во Струга и брутално силувана