Утрински Весник
Спорт

Вардар со +4 против ППД Загреб, поранешниот „вардарец“ Чупиќ спречи поголема предност

Вардар со +4 против ППД Загреб, поранешниот „вардарец“ Чупиќ спречи поголема предност

Вардар ќе патува со предност од четири гола пред реваншот во четврт-финалето на регионалната СЕХА-лига, откако од стартот до финишот имаше постојано водство против старите познаници ППД Загреб за 24:20 (14:12) победа.

По првичното водство од 0:1 на „плинарите“, тимот на Веселин Вујовиќ против неговиот поранешен клуб, влегоа во ритам и на полувреме отидоа со 14:12. Оваа предност се оддржуваше и во текот на второто полувреме и победата на „црвено-црните“ не беше неизвесна во ниту еден момент.

Тимур Дибиров и Анте Кудуз со шест беа најрасположени за игра во македонскиот клуб со седум гола, додека за Загреб најефикасен беше поранешниот вардарец, Иван Чупиќ (кој доби овации од публиката пред стартот на мечот) со осум постигнати голови.

Во првиот меч од четврт-финалето, Веспрем со 30:25 го совлада вториот хрватски претставник Нексе, за убедлива предност пред реваншот.

СЕХА ЛИГА, 1/4 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Вардар (Мкд) – ППД Загреб (Хрв) 24:20 (14:12)

Веспрем (Унг) – Нексе (Хрв) 30:25 (14:10)

Фото: СЕХА лига

> Вардар со +4 против ППД Загреб, поранешниот „вардарец“ Чупиќ спречи поголема предност <

Можете да прочитате

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури