Утрински Весник
Спорт

Вардар му го нанесе првиот пораз на Борец на домашен терен оваа сезона

Вардар есенски првак, Ибраими рекордер
Img 5587

Велес, 22 февруари 2020 (МИА) – Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Вардар, попладнево го победи Борец со 1:0. Стрелц на победничкиот гол за „црвено-црните“ беше Даниел Аврамовски во 33. минута.

За велешани ова беше прв пораз на свој терен оваа сезона.

Img 5587

Со новите три бода Вардар има 42 зголемувајќи ја разликата на 11 во однос на второпласираната Шкендија која утре против Силекс ќе го одигра својот натпревар од 20.коло.

Борец остана на 20 бода за во моментов 8. место.

Другите средби од 20.коло во ПМФЛ:
Македонија ЃП – Академија Пандев
Работнички – Шкупи
Ренова – Струга
Силекс – Шкендија. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лука Модриќ ја испиша историјата на Реал Мадрид

Пол-позицијата на Ферстапен во Мајами

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот