Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ван де Бек ќе го напушти Манчестер јунајтед

Ван де Бек ќе го напушти Манчестер јунајтед
Img 7972

Дони ван де Бек, донесен како големо засилување за 40 милиони фунти, не успеа да се избори за своето место во тимот на Манчестер јунајтед. Јасна е желбата на Холанѓанецот да замине од „Олд Трафорд“. На негова адреса стигнале две понуди, за трансфер во зимскиот преоден рок.

Ван де Бек би го напуштил Манчестер јунајтед, не и Премиер лигата. Понуди за фудбалерот испратиле Евертон и Њукасл јунајтед.

Англиските медиуми, тврдат дека Јунајтед нема да го продадат фудбалерот, туку би го позајмиле во еден од овие два клуба.

Директорот на Евертон, Марсел Брандс, открил дека минатото лето, клубот имал шанса да го ангажира Ван де Бек. Преговорите за позајмица оделе добро, но од непознати причини за Евертон, пропаднале во последен момент.

> Ван де Бек ќе го напушти Манчестер јунајтед <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент