Утрински Весник
Спорт

Ван де Бек е подготвен да го напушти Манчестер јунајтед

Ван де Бек е подготвен да го напушти Манчестер јунајтед

Дони ван де Бек е незадоволен од својот статус во Манчестер јунајтед. Холанѓанецот има договор со клубот до 2025 година, меѓутоа бил подготвен да замине од „Олд Трафорд“.

Ван де Бек, минатото лето, од Ајкас за сума од 45 милиони евра се пресели во Манчестер јунајтед. На неговиот трансфер инсистирал спортскиот директор Ед Вудворд, а не менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Поради тоа, од почетокот на сезоната во просек одигра по 25 минути на 13 натпревари на кои настапил.

Поради насобраното незадоволство и можноста да не добие повик во репрезентацијата која ќе игра на ЕУРО 2020 тој бил подготвен да замине во некој друг клуб.

Пред да потпише со Манчестер јунајтед, тој долго време се поврзуваше со Реал Мадрид.

> Ван де Бек е подготвен да го напушти Манчестер јунајтед <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп