Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ванчо Чифлиганец по втор пат добитник на најпрестижната награда во Радовиш

Ванчо Чифлиганец по втор пат добитник на најпрестижната награда во Радовиш
300x250 opst2

Ванчо Чифлиганец денеска по втор пат ја доби највисоката награда 6 Ноември која ја доделува Општина Радовиш.

Чифлиганец е бизнисмен, сопственик на градежната компанија Адора инженеринг и најголем акционер во Комерцијална банка, хуманист, филантор, кој има вложено над 5 милиони евра во поддршка на образованието, здравството, науката, спортот, културата во земјава, од кои значаен дел и во неговиот роден Радовиш.

„Ќе ни треба многу време за да ги наброиме донаторските акции, спонзорства, поддршката што и денеска Чифлиганец несебично им ги дава на голем број граѓани од Радовиш и Радовишко, за обнова на целосно опожарената куќа во село Дедино на семејството Трајкови, донации за голем број спортски клубови во речиси сите спортови, борење, ракомет, баскет, џудо, стрелаштво, алпинисти и на младитеспортисти. Особено се значајни донациите во образованието, градинките и училиштата, со опрема, од училишни клупи и столчиња, до смарт табли, компјутери, таблети за реализирање на наставата во услови на пандемија, како што беше една од последните донации во октомври годинава“, се вели во образложението за наградата подготвено од Советот на Општина Радовиш.

Во него се додава и дека граѓаните на Радовиш добро го паметат времето кога Чифлиганец бил на чело на рудникот „Бучим“ како генерален директор, десет години во кои, како што се вели, Радовиш доживел ренесанса.

Заблагодарувајќи се за наградата, Чифлиганец истакна дека е горд на своите сограѓани и дека енергијата сите овие години ја црпи токму од неговото родно место Раклиш, Радовиш и од сите граѓани од Радовишко.

Тој им порача на младите да бидат толерантни и да градат пријателства, а непријателите и оние што се против нив, да ги освојуваат со дела.

„Мојот слоган уште од 1994 години е Само делата се вистина, а во последните 20 години не застанав со работа и градење добри дела и тој слоган го надградив со Како каменот што тежи на своето место, така човекот тежи со своите дела. Оваа реченица е водилка на мојот живот“, истакна Чифлиганец.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места