Утрински Весник
Спорт

Ванда Нара се разведува од Мауро Икарди

Аргентинскиот репрезентативец Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара ќе се разведат. Контроверзната двојка која ги полнеше насловните страници секојдневно со бројни скандали ќе се раздели.

dobivaj vesti na viber

Ова го признала Ванда Нара на своја блиска пријателка на која ѝ испратила видеопорака. По грешка, видеото прво го објавила на Инстаграм, но брзо го избришала.

„Кармен, одам во Аргентина за да го финализирам разводот со Мауро. Ќе останам неколку дена и кога ќе се вратам ќе ви ги претставам сите потребни документи. Организирам сè за разводот, затоа што не можам повеќе да издржам вака“, вели Ванда во видеопорака испратена на својата пријателка.

Ванда веќе го избришала презимето Икарди од своите профили на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026