Утрински Весник
Спорт

Валиева ќе продолжи да се натпреварува на ЗОИ

Валиева ќе продолжи да се натпреварува на ЗОИ

Русинката Камила Валиева доби дозвола да продолжи да се натпреварува на Зимските олимписки игри во Пекинг. Оваа одлука ја донесе Судот за спортска арбитража во Лозана (ЦАС).

ЦАС, објави дека ја потврдиле одлуката на Руската анти-допинг агенција, која и ја укина суспензијата на 15-годишната Валиева. Тинејџерката, доби суспензија поради позитивен допинг-тест на 25.декември.

Руската анти-допинг агенција и ја укина суспензијата, но Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Светската анти-допинг агенција (ВАДА) и Меѓународната лизгачка унија (ИСУ) вложија жалба и побараа за случајот да реши Судот во Лозана.

Во соопштението, ЦАС, наведе дека ги одбиле жалбите на ИОК, ВАДА и ИСУ.

Валиева, во вторник, ќе продолжи да се натпреварува на Игрите во Пекинг, а рускиот тим ќе може да си ги добие златните медали во екипна конкуренција.

> Валиева ќе продолжи да се натпреварува на ЗОИ <

Можете да прочитате

ФФМ: Нов селектор најдоцна до 25 декември

Вон испиша историја со триумфот во Сент Мориц

Кошаркарската федерација на 21.декември ќе организира „All star“ натпревари