Утрински Весник
Македонија

Валандовските пожарникари се вклучија во акцијата за помош на социјално загрозените семејства

Валандовските пожарникари се вклучија во акцијата за помош на социјално загрозените семејства

Валандово, 22 април 2020 (МИА) – Во донаторската акција за помош на социјално загрозените семејства во општина Валандово, денеска се вклучија и припадниците на ТППЕ Валандово кои во општинскиот кризен штаб доставија десетина пакети за помош на нивните социјално загрозени сограѓани.

Пред десетина дена акцијата ја иницираше граѓанското здружение „СОС Валандово“, кое во таа прилика ги повика да им се придружат сите општествено одговорни компании и граѓаните кои имаат можност да донираат храна и хигиенски средства за најзагрозените нивни сограѓани кои во вонредната состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19 не можат да си ги дозволат основните продукти за преживување.

– Валандовчани солидарноста секогаш ја изразувале на високо ниво.Од почетокот на акцијата до денеска донираа преку 100 хуманитарни пакети со храна и средства за лична хигиена кои веднаш им се поделуваат на социјално загрозените семејства според список добиен од меѓуопштинскиот центар за социјални работи, потврдија денеска од општинскиот кризен штаб на Валандово.

Најавија дека оваа акција ќе тече се додека трае вонредната состојба и дека покрај ова до сега во градот и сите населени места бесплатно се поделени заштитни маски и ракавици. им/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ