Утрински Весник
Свет

Вакцинираните во Германија ќе бидат ослободени од многу мерки

Вакцинираните во Германија ќе бидат ослободени од многу мерки

Пo Долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, денеска и Горниот дом, Бундесратот, исто така, го одобри владиниот декрет со кој на вакцинираните против коронавирус им се овозможуваат некои олеснувања од мерките против пандемијата.

Според указот, кој треба да стапи на сила в недела, лицата кои се целосно вакцинирани, како и лицата кои прележале коронавирус, се ослободуваат од обврската за строго ограничување на личните контакти, забраната за движење во текот на ноќта и обврската за покажување негативен тест.

Вакцинираните исто така се ослободени од досега задолжителниот карантин по враќањето од странство. Исклучок се повратниците од т.н. области на изменети вируси како Индија, Бразил или Јужна Африка.

Луѓето кај кои поминале најмалку две недели од приемот на втората доза на вакцина, се смета дека се целосно вакцинирани.

Премиерот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, беше против укинувањето на некои обврски за вакцинираните лица, но истовремено повика на единство во општеството и предупреди на можни поделби помеѓу вакцинираните и оние што сè уште не се вакцинирани.

Тој им рече на вакцинираните да се однесуваат со почит и без триумфализам кон оние кои сè уште не биле вакцинирани, а сакаат да се вакцинираат.

Можете да прочитате

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина