Утрински Весник
Свет

Вакцината на „Модерна“ прогласена за најдобра во светот, Гинцбург: чудна и контроверзна одлука

Вакцината на „Модерна“ прогласена за најдобра во светот, Гинцбург: чудна и контроверзна одлука

Одлуката на Светскиот конгрес за вакцини – 2021 (World Vaccine Congress Washington – 2021), која во средата го прогласи препаратот на американската компанија „Модерна“ за најдобар во светот, е чудна и контроверзна, изјави директорот на Центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург.

„Можам да кажам дека е целосно нејасно според кои параметри е оценето, ако се земе предвид високата смртност од вакцините со информациска РНК и препаратот на „Астра зенека“ која исто така е висока, но е многу пониска од РНК-вакцините. Чудна одлука е тоа. Нејасно е на што се заснова, врз кои специфични индикатори, рече Гинцбург.

На форумот, кој се одржува секоја година во Вашингтон, вакцината „Модерна“ победи во номинацијата за најдобра вакцина против ковид. На интернет-страницата на конгресот се наведува дека вакцината направена од компанијата „Фајзер“ заедно со германскиот партнер „Бионтек“ добила многу висока оценка. Во потесниот избор влегол и рускиот „спутник В“, како и препаратот на британско-шведската компанија „Астра зенека“.

Инаку, во Русија се регистрирани три вакцини против Ковид-19. Прво е направена „спутник В“, која во моментов е одобрена во 64 земји во светот.

Креаторите на вакцината тврдат дека стапката на смртност по вакцинирањето со руската вакцина е многу пониска отколку кај странските вакцини. Така, за „Фајзер“ просечната стапка на смртност на милион дози е 39,4, за „Модерна“ – 20,2, а за „спутник В“ – само две. Истражувањето е спроведено врз основа на официјални податоци од 13 здравствени регулатори од 19 април.

Можете да прочитате

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале

Во април благ пораст на светските цени на месото, растителните масла и житарките

И шпанските студенти подготвуваат протести против Израел