Утрински Весник
Спорт

Вагнер: Обновувањето на Бундеслигата ќе биде знак за останатите првенства

Вагнер: Обновувањето на Бундеслигата ќе биде знак за останатите првенства

Гелзенкирхен, 9 мај 2020 (МИА) – Рестартирањето на Бундеслигата следната недела ќе им даде надеж на другите европски првенства дека ќе можат да бидат комплетирани, и покрај пандемијата од КОВИД-19. Ова го изјави тренерот на Шалке, Давид Вагнер.

Германскиот шампионат, кој беше суспендиран во март, продолжува на 16 мај, а ќе бидат преземени најстроги санитарни мерки за да се спречат нови избувнувања на болеста, која веќе достигна скоро 4 милиони луѓе ширум светот и уби повеќе од 270 000.

– Не е изненадувачки што прво се обновува германското првенство. Германците се многу дисциплинирани луѓе кои бараат брзи и ефикасни решенија. Сите ги следат правилата, сè е на распоред, сè е типично германски, изјави Вагнер за британски „Тајмс“.

Поранешниот тренер на англиски Хадерсфилд, кој е добар пријател со Јирген Клоп, додаде дека менаџерот на Ливерпул, исто така, го очекува и обновувањето на Бундеслигата, бидејќи ова е шанса да се заврши и Премиер лигата.

– Сите сега ја гледаат Германија и велат: „Добро, ако Германците можат да го сторат тоа, тогаш имаме шанса и ние да го сториме. Тоа е токму она што ми го рече Јирген“. Знам дека во Англија се молат Бундеслигата да продолжи без никакви проблеми, бидејќи ова ќе биде охрабрувачки знак. Англија е можеби 4 или 5 недели зад Германија, но може да се израмни, убеден е тренерот на Шалке.

Во првото коло од рестартираното првенство следната недела, Шалке ќе се сретне со локалниот ривал Борусија Дортмунд

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027