Утрински Весник
Спорт

Буфон ќе бара ангажман во странство

Буфон ќе бара ангажман во странство

Легендарниот голман, Џанлуиџи Буфон, нема намера да замине во пензија. „Газета дело Спорт“, тврди дека 43-годишниот голман, има намера да брани барем уште една сезона во странство.

Буфов, во тековната сезона настапи на пет натпревар, на два од нив не прими гол. Според овој извор, Буфон нема намера да се повлече, а ангажманот ќе го договара по завршувањето на сезоната.

Легендарниот голман, најголемиот дел од кариерата, која ја започна во 1995 година во Парма, го мина во Јувентус. Во сезоната 2018/2019 беше во ПСЖ, но не успеа во намерата да ја освои Лигата на шампионите.

> Буфон ќе бара ангажман во странство <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија