Утрински Весник
Свет

Бустер-дозата да се прима по три, а не пет месеци по првата, одлучи француската национална здравствена агенција

Бустер-дозата да се прима по три, а не пет месеци по првата, одлучи француската национална здравствена агенција
Dik 300x250 mk

Третата доза од вакцината против коронавирус треба да се прими три месеци по примањето на првата доза, одлучи француската национална здравствена агенција.

Во образложението се наведува дека поради побрзото ширење на сојот омикон на ковид, одлучено е периодот помеѓу првата и бустер дозата да се скрати од пет на три месеци, објави „Политико“.

Претходните анализи покажаа дека сојот омикрон успешно го заобиколува имунитетот стекнат со две дози вакцина, но беше откриено дека бустер-дозите во голема мера ја спречуваат можноста за зараза.

Во соопштението се наведува и ставот на Агенцијата на ЕУ за превенција и контрола на болести дека скратувањето на периодот помеѓу првата и третата доза на вакцината би можело да ја намали смртноста од соевите на омикрон за најмалку 15 проценти.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп