Утрински Весник
Спорт

Бурно пред шампионскиот меч: Волкановски го обвини Ортега дека е допингувач

Бурно пред шампионскиот меч: Волкановски го обвини Ортега дека е допингувач

УФЦ шампионот во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александер Волкановски го нарече предизвикувачот Брајан Ортега „е.ан допингувач“ во бурно соочување пред утрешниот меч на УФЦ 266 во Лас Вегас.

Ова е втора одбрана на Волкановски на титулата и тој призна дека дознал за допинг-престапот на неговиот американски ривал неодамна. Ортега имаше позитивен тест на стероидот дростанолон  по победата над Мајк де ла Торе во 2014 година, по што доби деветмесечна суспензија и казна од 2.500 долари.

Иако оттогаш тој има осум меча без да падне на допинг-тест, Волкановски не му прости.

„Не знаев дека уфрлаш. Тоа ср.ње не е добро за мене. Не заслужуваш да бидеш тука. Ти си е.ан допинугвач“, провоцираше 32-годишниот Волкановски.

Австралиецот има 22-1 скор и ја освои титулата во перо категорија со победа над долгогодишниот шампион Макс Холовеј во декември 2019, пред да ја одбрани и во реваншот минатиот јули.

> Бурно пред шампионскиот меч: Волкановски го обвини Ортега дека е допингувач <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина