Утрински Весник
Свет

Бунтовници убиле седум лица во градот Балад

Бунтовници убиле седум лица во градот Балад

Припадниците на сомалиската Ал Шабаб влегле во градот Балад, кој се наоѓа северно од главниот град Могадишу, и убиле најмалку седум лица, соопштија денеска полицаец и населението.

Според полицијата и жителите на градот Балад, исламистите од оваа група поврзана со Ал Каеда утринава влегле и ги совладале владините сили кои го обезбедувале мостот на влезот во градот, пренесува Ројтерс.

„Бевме во џамијата и се молевме кога слушнавме дека има жесток судир на мостот. Борците на Ал Шабаб на тој начин го зазедоа градот, прегазувајќи ги војниците на мостот“, изјави за Ројтерс Хасан Нур, трговец од Балад.

Можете да прочитате

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска

Хакери во Берлин објавија украдени податоци откако градот одби да плати откуп