Утрински Весник
Економија

Бугарски пoлитичар: Македонската нација е создадена во Русија во 1945 година

Бугарски пoлитичар: Македонската нација е создадена во Русија во 1945 година

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Ангел Џамбаски, денеска изрази огорченост поради честитките на Руската амбасада во Скопје до македонскиот народ на 24 мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Денес, Бугарија за прв пат го одбележува Денот на бугарското писмо, додека порано овој ден беше наречен Ден на словенската писменост, бугарското образование и култура, но минатата година официјално беше преименуван во Ден на светите браќа Кирил и Методиј, бугарско писмо, образование, култура и словенска литература.

Предлогот празникот да се нарече Ден на бугарската, а не на словенската писменост, дојде од ВМРО БНД.

Според партијата, оваа иницијатива има цел празникот да се огради од обидот на Скопје да ја присвои кирилицата.

Руската амбасада во Македонија им го честиташе празникот на Македонците, повикувајќи се на зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, кој објави дека писменоста во Русија пристигнува од Македонија, пренесува „Спутник“.

По тој повод, Џамбаски изјави дека македонската нација се појавила во 1945 година.

„Тоа е еден од вашите најсрамни фалсификати и најтажни. Писменоста и православието пристигнаа во денешна Русија од Бугарија. Тоа е факт. ‘Македонската азбука’ е создадена заедно со македонската нација во Москва во 1945 година. Таа лага е најголемиот срам. Засрамете се“, и пораче Џамбаски на Руската амбасада.

Руската амбасада во Софија го употреби новото име на празникот во обраќањето до Бугарите, додека амбасадорката Елена Митрофанова ја истакна важноста на работата на светите браќа за Русија.

„Почитувани пријатели, без сомнение, улогата на Бугарија во ширењето словенечка писменост, јазик и култура е неспорна и во Бугарија и во Русија внимателно зачувувајќи го и почитувајќи го наследството на светите браќа Кирил и Методиј, кои определија самосвест и развој на братски словенски народи за многу векови”, рече Митрофанова.

Можете да прочитате

По Божик ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави Мицкоски

Економски форум „Трка до дното“ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост