Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Бугарски претседателски кандидат претепал ЛГБТ член, му се заканува затвор

Бугарски претседателски кандидат претепал ЛГБТ член, му се заканува затвор
Img 7972

Екстремно десничарскиот националистички кандидат за претседателските избори во Бугарија, Бојан Расате, е уапсен и обвинет за хулиганство и повредување на член на ЛГБТ заедницата за време на викендот во центарот на Софија, соопштија обвинителите.

Расате, како што пишуваат медиумите во регионот, е политичар познат по своите силни ставови против членовите на ЛГБТ заедницата, и бил приведен 72 часа откако му бил укинат имунитетот. Тој се изјаснил за невин и одбил да даде изјава, соопштија обвинителите.

Група од десетина луѓе предводена од Расате упаднала во клуб во саботата доцна навечер, притоа предизвикувајќи тепачка и удирајќи едно лице, превртувајќи ги масите и столиците, пишуваат медиумите.

Водечките бугарски политички партии го осудија нападот, како и 11 западни амбасади во Софија, кои ги нарекоа нападите луди и го посетија клубот во знак на солидарност во понеделникот. На Расате, претходно осуден за нарушување на јавниот ред и мир за време на првата „Парада на гордоста“ во 2008 година во Софија, му се заканува затворска казна до пет години.

Можете да прочитате

Стоклунд: Со ЕЕС ќе спречиме терористи и мигранти илегално да влегуваат во Шенген зоната 

Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини

Најмалку 16 загинати во експлозијата во фабриката за воени експлозиви во Тенеси