Утрински Весник
Македонија

Бугарската православна црква влегува во канонско единство со МПЦ, но ќе размислувала за името на нашата црква

Бугарската православна црква информираше дека влегува во канонско и евхаристиско заедништво со македонската црква, нарекувајќи ја Православна црква на Северна Македонија.

Во соопштението на БПЦ се наведува дека ќе размислуваат за името на нашата црква, не споменувајќи во објавата Македонска православна црква – Охридска Архиепископија.

„Бугарската патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги поздравува одлуките за подигање на расколот и стапува во канонско и евхаристиско заедништво со Православната црква на Северна Македонија. Останува да се размислува за името на православната црква во Северна Македонија“, велат од бугарската патријаршија.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати