Утрински Весник
Македонија

Бугарската амбасада донираше опрема во Клиничка болница-Битола

Бугарската амбасада донираше опрема во Клиничка болница-Битола

Битола, 3 јуни 2020 (МИА)Клиничка болница-Битола доби нова заштитна опрема изработена по најсовремена технологија, донација од Генералниот Конзулат и Амбасада на Република Бугарија.

Висококвалитетната заштитна опрема, персоналот ангажиран за борба против Ковид-19, ќе може да ја користи 850 работни денови, беше соопштено за време на денешното примо-предавање на донацијата во Битола.

Свесни сме дека се соочивме со голем предизвик и заради тоа сите заедно здружено, можеме да се избориме и да излезиме од оваа глобална криза. Донацијата која што ни ја даваат од бугарската амбасада е од исклучително значење, особено затоа што Клиничката болница во Битола, регионално делува и затоа што сите што се на првата линија заслужуваат да бидат најзаштитени бидејќи донираните скафандери имаат повеќекратна употреба. Ме радува што токму наш сосед, ја има развиено технологијата за изработка на вакви скафандери од најсовремен карактер, изјави градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Бугарските дипломати, конзулот и амбасадорот порачаа нивниот пример на донирање да го следат и другите институции, и на овој начин да им се даде соодветна поддршка на медицинските лица.

-На иницијатива на амбасадата и генералниот конзулат, сите бугарски службеници во амбасадата и генералниот конзулат собравме пари, лични средства за купување на заштитна облека, скафандери за докторите од прва линија кои работат со пациенти со Ковид-19. Облеката може да се користи по 850 работни денови за докторите на прва линија, таа е најмодерната заштита, која е направена специјално за заштита од Ковид-19 со што опасноста е апсолутно минимализирана, вирусот не може да влезе во телото, а телото може да дише, појасни амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов.

Персоналот во т.н. Ковид-зона во Клиничката болница, досега користеше заштитна опрема за еднократна употреба, а од денес условите значително се подобрени. мт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор