Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Бугарија ја извести Европската Комисија дека не ја прифаќа преговарачката рамка за Македонија

Бугарија ја извести Европската Комисија дека не ја прифаќа преговарачката рамка за Македонија
Img 7972

Бугарија ја извести Европската комисија дека не е во можност да ја прифати тековно предложената рамка за преговори со Република Северна Македонија и нацрт-декларацијата до неа, бидејќи не ги дава потребните гаранции за исполнување на условите за Бугарија, соопшти бугарското министерството за надворешни работи.

„Во исто време, Бугарија му се заблагодарува на германското претседателство со Советот на ЕУ и комесарот за проширување Оливер Вархеи за конструктивниот пристап и секојдневната заедничка работа во потрага по решение што е сè уште можно да се постигне и покрај кратките рокови“, велат од Министерството.

За Бугарија е неприфатлива опцијата за поставување на нејзините услови за Република Северна Македонија во декларацијата на Советот на ЕУ, придружувајќи ја рамката за преговори.

„Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не ги дава правните гаранции што ги бара Бугарија. Ние би имале такви гаранции доколку нашите барања се рефлектираат во текстот на Рамката за преговори, на кој инсистираме“, соопшти бугарското МНР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Неделна прогноза за Македонија: Прво дожд и снег, па сонце

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“

Низа инциденти низ Скопје: напади, кражба и физички тепачки во еден ден