Утрински Весник
Свет

Бугарија: Речиси 9000 заразени, коронавирусот влезе и во владата

Бугарија: Речиси 9000 заразени, коронавирусот влезе и во владата

Во изминатите 24 часа во Бугарија починале 8 пациенти, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата на коронавирус е 308, јавува агенцијата ТАСС.

Во болниците има 624 пациенти со коронавирус, од кои 34 се на интензивна нега.

На двајца членови на администрацијата им е дијагностициран Ковид-19, така што владата ќе биде затворена поради дезинфекција.

Поради зголемениот број случаи на коронавирус кај медицинскиот персонал, Бугарија се соочува со недостиг на медицински работници. Најзагрижувачка е ситуацијата во Пловдив, каде што се потребни нови кревети за пациенти со „Ковид-19“.

Бугарија ги објави првите случаи на коронавирусот на 8 март, а властите прогласија вонредна состојба која траеше од 13 до 14 мај.

Во Бугарија е прогласена вонредна епидемиолошка состојба, која е продолжена до крајот на јули.

Носењето заштитни маски е задолжително на затворените јавни места.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација