Во Бугарија починаа уште 18 лица од Ковид-19 во изминатите 24 часа, што е најголем број на починати за еден ден од почетокот на пандемијата.
Вкупниот број на починати достигна 563, јави агенцијата БТА.
Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Бугарија достигна 15.386 откако во последните 24 часа беа потврдени 99 нови случаи на инфекција од 3.588 тестирани примероци, покажуваат најновите официјални податоци.
Во Бугарија моментно има 4.326 активни случаи на коронавирус.
Хоспитализирани се 714 пациенти, а 65 од нив се на интензивна нега.