Утрински Весник
Свет

Бугарин во Србија возел со 2,60 промила алкохол

Бугарин во Србија возел со 2,60 промила алкохол

Полицијата во Јагодина ќе поднесе прекршочна пријава против државјанин на Бугарија (51) кој додека управувал возило со 2,60 промили алкохол во организмот, оштетил заштитна ограда на државниот пат кај Чуприја.

Бугаринот возел „фолксваген пасат“ во правец кон Ниш, се вели во соопштението на полициската управа во Јагодина.

Одредена му е мерка притвор до 12 часа и ќе биде изведен пред судија за прекршоци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Франција распоредува борбени авиони во Литванија

Трамп: „Куба е следна“ – 24info.mk

Сексуалната злоупотреба се почеста во Германија