Утрински Весник
Спорт

Бублик: Го мразам тенисот, играм само за пари

Бублик: Го мразам тенисот, играм само за пари

Марсеј, 21 февруари 2020 (МИА) – Рускиот тенисер со казахстански пасош, Александар Бублик се проби на социјалните мрежи со неговиот однос во мечот со Хенри Лаксонен на АТП турнирот во Монпелје, минатата недела. По серија грешки, во еден момент почна да вика „со цело срце го мразам тенисот, најодвратен е од сите спортови, мразам што мора да играм секој ден и да се борам“.

Оваа недела настапува на турнирот во Марсеј и објасни зошто го мрази тенисот.

– Не гледам ништо позитивно. Играм само за пари. Ако нема вака голема заработувачка, веднаш би прекинал да играм“, истакна 55. рекет на АТП ранг листата.

Бублик лани играше две финалиња на АТП турот. Во Њупорт загуби од Џон Изнер, а во Ченгду од Пабло Карењо Буста. Најдобар пласман на АТП листата ми е 48-то место и досега во кариерата има заработено околу 1,5 милиони долари. сѓд/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026